Рон Џонсон: Србија и Косово треба да земат пример од Северна Македонија и Грција како се постигнува договор

141

Лидерите на Србија и Косово треба да сфатат дека од најдобар интерес за нив е да ги oстават разликите зад себе и да постигнат договор по углед на Грција и Северна Македонија.

Ова денеска во интервју за Гласот на Америка на украински јазик го изјави сенаторт Рон Џонсон, републиканец од Висконсин и претседавач на сенатската Комисија за надворешни работи.

– Постигнувањето договор е уште потешко зашто двете земји бараат поголема американска ангажираност. Ја ценат помошта од Европејците, но бараат поголемо американско влијание. Мислам дека сме способни да им помогнеме, но не и да им наметнеме решение, изјави Џонсон.

Според него, обете страни може да сметаат на поддршката од Америка и Европа, откако постигнат договор, со кој треба да ги убедите жителите на Косово и Србија за неговата корист.

-Земете го примерот со Грција и сега, Северна Македонија, чии жители не беа среќни од меѓусебен договор. Затоа беше потребна политичка храброст за таков договор, што на крајот, беше историски ! Двете земји преговараа заткулисно многу месеци за да стасаат до договор, истакна сенаторот.

Додаде дека токму тоа треба да им се предочи на Србија и Косово.

– Во нивни заеднички интерес е понатамошна европска интеграција и економска слободна зона и пристап до успешните економии. Не треба да се „продава“ евентуалниот договор, туку бенефициите од него и надминувањето на проблемот, истакна Џонсон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...