Роман Абрамович погоден од американските санкции- изгубил 534 милиони долари за еден ден

Како што пренесува московски „Times”, 50-те најбогати луѓе во Русија изгубиле 12 милијарди долари првиот ден откако се воведени санкциите.

223

Роман Абрамович за 24 часа останал без 534 милиони долари. Сопственикот на Челзи е еден од бројните руски богаташи кои губат пари поради санкциите на САД. Како што пренесува московски „Times”, 50-те најбогати луѓе во Русија изгубиле 12 милијарди долари првиот ден откако се воведени санкциите.

Колку и да е богат, нема сомнение дека оваа финансиска загуба ќе влијае на неговото работење во Челзи.

Челзи оваа сезона се мачи на фудбалските терени, не само што не е во игра за одбрана на насловот првак, туку и многу веројатно ќе остане и без пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Абрамович не е единствениот олигарх кој изгубил голем дел од богатството. Најтешко настрадал Олег Дерипаска, откако санкциите, покрај него лично, ги погодиле и компаниите чиј е сосопственик.

Според проценката на “Forbes”, богатството на Дерипаска денес е намалено за 1,3 милијарди долари, за колку што е намалено и богатството на Владимир Потањин.

ФОТО:EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...