Романските даночни власти на аукција го продаваат автомобилот на Чаушеску

103

Романските даночни власти соопштија дека на аукција ќе го продадат автомобилот кој му припаѓал на починатиот комунистички лидер Николае Чаушеску.

Националната агенција за даночна администрација денеска соопшти дека возилото АРО од 1977 година ќе биде продадено на аукција на 31 јануари. Почетната цена е 137.500 леи (34.000 долари). Возилото е изработена специјално за него од сега непостоечката фабрика АРО и има поминати 72 000 километри.

Автомобилот беше конфискуван од бизнисменот Овидиу Тендер, кој во моментов отслужува 12-годишна затворска казна за измама и перење пари.

Поранешниот комунистички лидер Николае Чаушеску беше соборен од власт и егзекутиран за време на бунт во 1989 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...