Романската владејачка Социјалдемократска партија потврди денеска дека актуелната премиерка Виорика Данчила ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори во Романија на 10 ноември.
Најновите анкети покажуваат дека избраниот претседател Клаус Јоханис е фаворит на изборите, кој би освоил 42 проценти од гласовите.
Според анкетите на јавното мислење, другите четири кандидати би добиле меѓу 10 и 13 проценти, додека Данчила би завршила на шесто место со можни осум проценти од гласовите.
Како единствен кандидат на партискиот конгрес, Данчила доби едногласна поддршка од 1.000 партиски членови.