Романија ја сели својата Амбасада од Тел Авив во Ерусалим

Романската Влада донесе одлука да ја премести својата амбасада во Ерусалим, следејќи го примерот на САД.

134

Романската Влада донесе одлука да ја премести својата амбасада во Ерусалим, следејќи го примерот на САД, изјави лидерот на владејачката коалиција во Романија Ливиу Драгнеа.

– Одлуката е донесена, почнуваат подготовките, изјави Драгнеа за радио-станицата Антена 3.

Тој изјави дека Владата на седницата одржана завчера усвоила „меморандум за почеток на постапка за преместување на Амбасадата во Ерусалим“.

Владиниот портпарол одби да ги коментира тврдењата.

Романија би била прва земја-членка на ЕУ која го следела примерот на САД, што би значело признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Израелските медиуми тврдат дека и Чешка се подготвува за таков чекор.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека најмалку шест држави водат „сериозни разговори“ со израел за преместување на нивните амбасади.

Освен САД, и Гватамала формално најави преместување на дипломатското преставништво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...