Романија на праг на предвремени избори

- Со претседателот Клаус Јоханис одлучивме дека предвремените избори се тоа што е најдоброто за Романија - рече премиерот Лудовик Орбан

64

Романскиот премиер Лудовик Орбан денеска изјави дека ќе се залага предвремените избори во земјата да се одржат до средината на годината.

Малцинската влада на Орбан дојде на власт на почетокот на ноември откако беше “урнат“ претходниот владин кабинет на социјалдемократите преку гласање недоверба на владата, по три години минати во власта.

Либералната партија на Орбан во моментов води во истражувањата на јавното мнение, но Социјадемократската партија и натаму е најголемата партија во земјата и има најмногу парламентарни места.

Предвремените избори можат да бидат распишани само доколку парламентот во рок од 60 дена одбие два предлога по ред на премиерот.

Аналитичарите наведуваат дека таквиот подвиг би бил исклучително тежок во расцепканиот и поларизиран парламент.

-Да бидам јасен, претседателот Клаус Јоханис и јас одлучивме дека предвремените избори се тоа што е најдоброто за Романија – рече Орбан пред новинарите по средбата со претседателот.

Тој кажа дека минатите европски и претседателски избори покажаа дека Романија веќе не ги сака социјалдемократите во власта.

-Со парламентот во моментов доминираат социјалдемократите, кои делуваат како сопирачка за владата и неопходно е граѓаните да ги избираат своите претставници, кои ќе бидат огледало на нивните желби – рече Орбан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...