Романија: На Илиеску, Роман и Војкулеску ќе им се суди за злосторства против човештвото

Романскиот претседател дозволи судско гонење на поранешниот претседател Јон Илиеску, поранешниот премиерот Петре Роман и поранешниот вицепремиер Гелу Војкан Војкулеску, кои се обвинети за злосторства против човештвото поврзани со револуцијата во декември 1989.

98

Романскиот претседател Клаус Јоханис дозволи судско гонење на поранешниот претседател Јон Илиеску, поранешниот премиерот Петре Роман и поранешниот вицепремиер Гелу Војкан Војкулеску, кои се обвинети за злосторства против човештвото поврзани со револуцијата во декември 1989 година, при што беше соборен комунистичкиот режим.

Јоханис денеска испратил до Министерството за правда дозвола за гонење против тројцата поранешни високи државни функционери. Барањето на министерството до претседателот беше испратено на 2 април, бидејќи законот бара дозвола за гонење од шефот на државата за гонење на лица, кои заземале високи државни позиции.

Јон Илиеску, Петре Роман, Гелу Војкан Војкулеску и други поранешни функционери се обвинети за злосторства против човештвото и во врска со настаните од 13-15 јуни 1990 година, познати како „рударски марш”. Овој случај почна на 20 февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...