Романија, Грција и Бугарија пишуваат писмо до Макрон и Меркел за Србија

250

Премиерите на Романија, Бугарија и Грција ќе испратат заедничко писмо на германската канцеларка Ангела Меркел и на францускиот претседател Емануел Макрон, со кое на Србија ќе и дадат поддршка кон европскиот пат.

Тоа синоќа во Букурешт на новинарите им го пренесе српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот на балканската четворка.

Тој изрази задоволство од фактот дека Србија и тие три земји, сите членки на ЕУ, тесно соработуваат, а зад соседите на Србија стои огромна територија со голем број жители.

-Вишеградската група е поголема и поважна од нас, но, ова може да биде, како што рече Алексис Ципрас-Б 4. Ние во група, заедно, сме многу посилни, отколку поединечно, а нашиот глас се слуша се подалеку и посилно. Мислам дека тоа секој добро го разбира, рече Вучиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...