Романец купил креденец, нашол во него 95.000 евра, па го вратил

169

Романецот Самуел Станици купил половен креденец, пронашол во него 95.000 евра, па веднаш го вратил со парите.

Парите биле сместени во метална кутија, во апоени од 500 евра. Заедно со неговата жена Адела, човекот ги преброил парите, па тоа им предизвикало несоница поради помислата дека можеби се работи за некаква замка, и одлучиле да ги вратат парите.

Се покажало дека креденецот му припаѓал на покојниот татко на претходниот сопственик. Тој не знаел дека татко му му оставил толку пари.

3а чесниот пронаоѓач следеше награда, но не се соопштува колку таа изнесува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...