Помина повеќе од половина век откако Род Стјуарт е на сцената и тој нема намера да запре тука. Кога не е на турнеја, зафатен е со своите две деца, а на 28 септември ќе го објави својот 30-ти студиски албум „Крваво црвени рози“.
Стјуарт, познат како автор на романтични песни, во кариерата не се плашеше да пишува и за социјални проблеми, како на пример во 1976 година кога ја создаде песната „Убиството на Џорџи“, песна за негов пријател што беше убиен поради неговата сексуална ориентација.
Седумдесет и тригодишниот Род повторно начнува сериозна тема во првиот сингл од неговиот нов албум, во кој се говори за злоупотреба на дроги од страна на тинејџери, гледано од родителска перспектива.
Прашан за неговата популарност меѓу жените, Род Стјуарт одговара дека не се смета себеси за секс симбол и дури го мрази тој збор. На крајот заклучува:
– Трамп мисли дека тој има добра работа, јас имам навистина одлична работа.