Род Стјуарт му посвети албум на синот зависник

463

Пеачот Род Стјуарт изјави дека кон крајот на септември ќе издаде нов албум „Blood Red Roses“ кој ќе го посвети на својот син. Пеачот овој албум го смета за многу личен албум, а оваа недела го издаде синглот „Didnt I“ во кој го опишува односот со својот син Шон кој има проблеми со дрога и алкохол.

Пеачот во песната наведува дека очигледно залудно се обидува синот да го одврати од тој пат, признавајќи дека и тој во младоста користел кокаин.

-Секогаш зборував дека албумите ги снимам за пријателите, но овој пат, новиот албум носи личен печат -вели пеачот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...