Џенифер Лопез и Алекс Родригез се свршија во март годинава по две години врска, а двајцата имаат по две деца од поранешните бракови.
За време на гостувањето во една емисија, 44-годишниот поранешен бејзбол играч откри детали за венчавката која со нетрпение се очекува.
Неговите зборови ги изненадија фановите.
Тој откри – Џенифер го има последниот збор и дека таа ја води целата организација:
„Кога размислувам за плановите за венчавка, а Џенифер е ваша партнерка, вие едноставно само потврдувате климајќи со главата. Не знам каде ќе се оженам, не знам ни што ќе облечам, ни кога ќе се случи свадбата. Јас едноставно ќе се појавам“ вели Алекс.
Откако соговорниците се обиделе да откријат уште некој детаљ, Алекс одлучил да открие уште една тајна.
„Имам еден детаљ за вас. Дали сте подготвени?….Тоа ќе биде еден долг лет“ вели свршеникот на Џенифер и додава дека свадбата нема да биде во Дубаи.
Двојката ќе се венча во црква бидејќи пејачката изјави дека сака да направи нешто поразлично од досегашните свадби.