Поранешниот фудбалер Сијер Вуд (28) и неговата партнерка Еми Тејлир (25) од САД се обвинети за измачување и убиство на петгодишна ќерка Лара.
Според полициски информации, непосредно пред девојчето да почине, родителите бидејќи сметале дека е дебело, го терале да трча и да прави стомачни вежби, а кога девојчето ќе се изморело, некој од нив ѝ седел на стомачето за да ја казни поради „мрзливоста“.
Девојчето било пронајдено во безссознание, а починало во болница како последица на тешките телесни повреди што му ги предизвикале родителите.
Еми и Сијер биле уапсени, а обдукцијата на телото на девојчето покажала дека на Лара од секојдневното тепање ѝ биле скршени неколку ребра, а имала оштетување и на неколку витални органи.
Судијката била шокирана од видот на повредите што му биле нанесени на петгодишното девојче. Лара имала скршени ребра, на повеќе места ѝ бил нагмечен черепот, а имала и расечен црниот дроб.
Токму поради овие резултати, смртта на ова дете се смета за убиство што го извршиле нејзините родители.
На Еми и на Сијер ќе им се суди веќе следниот месец, а дотогаш ќе бидат во притвор. Мајката првин била обвинета само за запоставување, малтретирање и негрижа кон сопственото дете, но според последните полициски информации оваа жена најверојатно исто како нејзиниот партнер Вуд ќе биде обвинета за убиство.