Родители на ученици со посебни потреби: Општина Центар не дава пари за асистент на нашите деца

Најбитното прашање е: зошто не може родител на дете со посебни потреби да е асистент на своето дете?! Ние родителите најдобро си ги знаеме своите деца, а и да кажеме дека 99% во нашите семејства еден од родителите не работи за да може да се грижи за  детето со попреченост. Со надоместокот (8.000 денари) што го дава  општината на асистентите месечно, ние како родители на деца со посебни потреби ќе може колку толку да придонесеме во семејниот буџет, апелираат родители на ученици со посебни потреби од општина Центар. 

989
Родители на деца со посебни потреби преку писмо, кое го објавуваме интегрално, изразуваат револт што оваа година не добија асистент за во училиште во општина Центар. Тие велат дека се изманипулирани и каде и да се обратат, повторно ги препраќаат за информации во општината, од каде немаат никаква помош.

„Ние сме родители на деца со посебни потреби кои одат во редовни основни училишта во општина Центар Скопје. Веќе две училиштни години УНДП финансира асистенти на децата во училиштата, преку општините. Оваа година се скратени финансиите од УНДП со назнака општините да одвојат средства за остатокот од бараниот број на асистенти.

Не ни е јасно како може другите општини да најдат средства, а само општина Центар да е со изрека дека немаат финансии за најранливата група на жители во општината. Точно некои деца ќе добијат асистент, а огромен број нема. Со тоа се прави дискриминација. Не може општината на едни да е мајка а на други маќеа.
Најбитното прашање е: зошто не може родител на дете со посебни потреби да е асистент на своето дете?! Ние родителите најдобро си ги знаеме своите деца, а и да кажеме дека 99% во нашите семејства еден од родителите не работи за да може да се грижи за  детето со попреченост. Со надоместокот (8.000 денари) што го дава  општината на асистентите месечно, ние како родители на деца со посебни потреби ќе може колку толку да придонесеме во семејниот буџет“, апелираат родители на ученици со посебни потреби од општина Центар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...