Родители внимавајте! Уште една контроверзна видео игра го освојува светот

Новата игра предизвикува зависност, отсутност и расеаност кај учениците, а ги прави и понасилни.

195

Шестата сезона од мегапопуларната интернет игра „Фортнајт“ со голема брзина „ги навлекува“ кон себе децата од цел свет, што предивикува загриженост кај родителите и наставниците.

Новата игра предизвикува зависност, отсутност и расеаност кај учениците, а ги прави и понасилни. Шест училшта во Австралија, на пример, испратија писма до родителите, во кои се предупредува дека децата, посебно момчињата, се однесуваат поинаку по играњето.

И родителите се многу загрижени поради играта. – Децата стануваат зависни од играта и депресивни, кога не играат, прокоментира засегнат родител за австралиската ИТВ.

Се верува дека играта лошо влијае и врз возрасни лица. Од јануари годинава на овој континент се поднесени 200 барања за развод при што како главна причина се наведуваат Фортнајт и други интернет игри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...