Војвотката Кејт Мидлтон ужива опкружена со луксуз, меѓутоа, на нејзиното семејство очигледно не му оди толку добро.
Имено, Кејт Мидлтон се соочила со нов проблем, а странските медиуми наголемо известуваат дека фирмата на нејзините родители Керол и Мајкл е во финаниски проблеми, и дека се речиси пред банкрот.
Керол и Марк покренале компанија за производство на торби и декорации за родендени, а своевремено истата се проценувала дека вреди дури 30 милиони евра.
Минатата недела тројца работници дале отказ, од 30 колку што се вработени.
И покрај многубројните наводи дека работата не им оди од рака, странските медиуми наведуваат дека тие поседуваат и неколку недвижности во кои вложувале, така што шансите да останат сосема без пари се мали.
ФОТО: Профимедиа