Владејачките шведски социјалдемократи ветија во изборниот манифест уште една недела одмор за родители. Многумина во Европа веќе им завидуваат на Швеѓаните кои, ако работат со полно работно време, имаат право на одмор од пет недели, како и долго породилно отсуство.
Истражувањата покажуваат дека пред изборите на 9-ти септември, Социјалдемократската партија и понатаму останува најголема шведска партија, меѓутоа поддршката е загубена од 2014 година, бидејќи таа е на власт во коалиција со Зелените.
– Многу вработени им е тешко да се одморат во времето кога се распуштаат училиштата – велат социјалдемократите.
„Затоа сакаме да им помогнеме на повеќе родители кои работат”.
Реализацијата на тој план ќе чини 5,4 милијарди круни (505 милиони евра) годишно. Практично, родителите од четири до 16 години ќе можат да земат уште пет дена одмор во една година.
Во Шведска, родителите имаат 480 дена платено отсуство кога детето е родено или кога е посвоено.
Премиерот Стефан Левен (Лефвен) вети дополнителни 35 милијарди круни на социјални услуги во следните четири години, како и зголемени трошоци за полицијата и армијата.
Според истражувањето, социјалдемократите се поддржани од околу 25 отсто од гласачите и пред Партијата на умерената коалиција и шведските демократи.
На изборите во 2014 година, Социјалдемократската партија освои 31 отсто од гласовите.