Во последно време сѐ почесто се зборува за рогачот како алтернатива за чоколадо. Природната слаткост на рогачот овозможува со него одлично да се заменат какаото и производите од какао. Иако во индустриското производство се користи само последните дваесетина години, рогачот не е прехранбена новост. Не толку одамна, пејачите џвакале плодови од рогач затоа што се сметало дека ги прочистуваат грлото и гласот.
Рогачот расте кај нас, го има во градскиот парк во Скопје, но е особено карактеристичен за медитеранските подрачја кадешто се одгледува најмалку 4 илјади години и тоа токму поради својот сладок и хранлив плод – мешунките.
Пред повеќе од две илјади години Исусосвиот крстител Иван одел низ пустината и се хранел со рогач, плод добар како леб и сладок како колаче. Затоа подоцна рогачот го нарекле Иванов леб. Потекнува од Сирија и Палестина, а пред доаѓањето во Европа, со векови се употребувало како одлична намирница за исхрана на луѓето и стоката.
Во минатото, Грците откриле дека секоја семка од мешунката на рогачот, каква и да е таа, секогаш тежи 0,18 грама. Затоа една семка од рогач станала еден карат, мерка за тежина на скапоцените камења и златото.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.