Роботи диносауруси рецепционери во хотел во Токио

Не сакавме хотел во кој само ќе се спие, туку сакавме да воведеме нешто нови, изјави директорот на хотелот Јукио Нагао.

47

Еден хотел во Токио на гостите им нуди несекојдневен пречек – роботи диносауруси на рецепција. Но, хотелот има и аквариум во кој исто така се наоѓаат роботи во облик на разнобојни светлечки риби.

Необичниот хотел „Казухиро Ноги“ се наоѓа во предградие на Токио.

Комуникацијата со роботите диносауруси е ограничена поради што гостите резервираат соби и вршат порачки преку таблет.

– Не сакавме хотел во кој само ќе се спие, туку сакавме да воведеме нешто нови – изјави директорот на хотелот Јукио Нагао.

Една ноќ во необичниот хотел чини 130 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...