Седумдесет и петгодишниот холивудски актер Роберт де Ниро се разделил од 63-годишната сопруга Грејс Хајтауер, по повеќе од 20 години поминати во брак, објави магазинот „Пипл“.
Извор близок до семејството за „Пипл“ посочил дека Роберт и Грејс се разделиле и дека повеќе не живеат заедно.
– Понекогаш работите не се одвиваат како што се надевате или како што очекувате – рекол неименуваниот извор.
Де Ниро и Хајтауер се венчаа во 1997 година, откако претходно се забавуваа една деценија. Заедно ги имаат децата Елиот (20) и Хелен Грејс (6).
Брачни проблеми Роберт де Ниро и Грејс Хајтауер имаа и во 1999 година, но успеаја да ги надминат.
Во ноември 2004 година тие ги обновија своите брачни завети на свеченост пред многубројни познати личности како Мартин Скорсезе, Мерил Стрип, Бен Стилер и други.
Роберт де Ниро се уште јавно не излегол со коментар за информацијата дека се разделува од сопругата.
Тој и Грејс последен пат на црвен тепих се појавија заедно во јуни, кога присуствуваа на доделувањето на драмските награди Тони во Њујорк сити.