Ријана учествувала во предизвикот на Ден пиење со познатиот американски водител Сет Мејерс.
Двајцата неколку часа пиеле и мешале различни пијалаци, а пејачката не се двоумела да се испијани пред камерите. Ријана пиела пиво, коктели и жестоки пијалаци, се смеела на коментарите на водителот и го завршила шоуто со Мејерс,а денот завршил така што Мејерс се шминкал со шминките од брендот „Фенти“, што е во сопственост на Ријана.
Ријана пијана им се допаднала на своите обожаватели кои сметаат дека е урнебесна и слатка кога ќе се напие алкохол. а многумина забележале дека почнала да зборува на силен акцент од Барбадос во алкохолизирана состојба.
Пејачката ги изненадила фановите кога признала дека не погледнала ниту една епизода од серијата „Играта на троновите“.
Видео со пијаната Ријана за само два дена го прегледаа два милиони луѓе.