Популарната Ријана не ја раскинала врската со арапскиот милијардер Хасан Џемаил, а доказ за тоа се фотографиите кои ги направија папараците во Италија.
Иако се шпекулираше дека раскинале откако беа фатени во сочна кавга во јавноста, парот заедно со семејството на Хасан заминал на одмор каде се возат со луксузна јахта. Од фотографиите кои излегоа во јавноста може да се види како тие уживаат во еден италијански ресторан.
Хасан инаку е бизнисмен од Саудиска Арабија кој моментално е на чело на фамилијарната компанија „Abdul Latif Jameel”, која е една од најголемите во светот.
Богатството на саудиското семејство се проценува на 1,5 милијарди долари, а го стекнаа благодарение на договорот кој нивната компанија го направи за дистрибуција на автомобилите на „Тојота“ во Саудиска Арабија.