Ријана го „шутна“ милијардерот

850

Пејачката од Барбадос ја раскина врската со Хасан Џамал, богатиот бизнисмен од Саудиска Арабија, пренесуваат странските медиуми. Ријана наводно решила да стави крај на врската, бидејќи милијардерот и здодеал.

– Ријана и Хасан беа заедно извесно време. Врската беше добра, но сега е готово. Секако, Ријана му го скрши срцето. Ништо не се случи, не се караа, само што на Ријана и здодеа да биде во врска со него. Понекогаш мажите и стануваат здодевни – рекол добро информиран извор.

Инаку, семејството на Хасан го води претставништвото на „Тојота“ автомобилите, а тој е претседател на семејниот бизнис „Абдул Латиф Џамал“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...