Ричард Гир и неговата 33 години помлада сопруга чекаат бебе

2015

Три месеци по свадбата, актерот Ричард Гир (68) и неговата сопруга Алехандра Силва (35) го очекуваат своето прво заедничко дете.

Тие се заедно три години. Актерот веќе го има 18-годишен син Хомер, а бизнисменката Силва – шестгодишното момче Алберт.

Вестите, кои започнаа како гласини пред неколку недели, веќе се потврдени од извори блиски до телевизијата Еј-Би-Си.

Силва во понеделникот објави слика во Инстаграм, за да одбележи три месеци од свадбата со Гир, но не спомена ништо за очекуваното бебе.

– Денеска се навршуваат три месеци од еден многу посебен момент во нашиот живот, момент во кој се радувавме не само да ја споделиме среќата од нашата меѓусебна љубов со роднините и пријателите, а и затоа што имавме можност да ги изразиме нашите стремежи за иднината. Стремежите да го претвориме нашиот духовен пат во суштината на заедничкиот живот. Да си помагаме на патот кон просветлување, сочувството, великодушноста, трпението, напорите, концентрацијата и мудроста кон другиот, напиша Алехандра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...