Во една од полудите рибарски приказни, еден натпреварувач на турнир во риболов уловил пастрмка со бурма!
Прстенот за рибата бил прикачен со пластична алка, а сè се случило на езерото Мичиген.
Капетанот Џејсон Роуз ја прикачил бурмата за рибата и ја вратил рибата во водата пред речиси седум недели. Тврди дека тој прстен е проколнат.
Имено, неговиот 10-годишен брак пропаднал пред четири години, но дури сега на посебен начин одлучил да го фрли прстенот, на тој начин обележувајќи го новиот почеток на својот живот.
– Јас сум водич за рибари, а таа секогаш беше против тоа да ги следам своите соништа и мразеше затоа што го сакам риболов. Не сакав да ја фрлам бурмата туку тоа го направив на начинот кој најдобро го знам, убеден сум дека прстенот е проколнат. Животот ми тргна на подобро откако се ослободив од него – рекол Роуз.
Пастрмката со прстенот се појавила седум недели подоцна, кога Џо Пенар ја уловил ловејќи од бродот со својот пријател Џин Нелиган за време на турнирот во Илиноис. Сега изгледа дека капетанот Роуз го пренел „проклетството на прстенот“ на сопственикот на бродот.
– Тој прстен е проколнат. Откако дојде на мојот брод имав проблеми со контролата на моторот, копчето за отворање на главните врати за да се влезе во просторот со моторите се расипа, а цревото на мојата палуба пукна моторот – рекол Нелиган, додавајќи во шега дека ќе му го врати прстенот на капатенот по пошта, без да запише повратна адреса.