Рељеф со човек на велосипед во храм стар 2.000 години

Познато е дека велосипедот е измислен во 19. век. Меѓутоа, на ѕид од храмот Панчаварнасвами во јужна Индија, стар 2.000 години, е откриено уметничко дело што прикажува човек на возило на две тркала.

211

Познато е дека велосипедот е измислен во 19. век. Меѓутоа, на ѕид од храмот Панчаварнасвами во јужна Индија, стар 2.000 години, е откриено уметничко дело што прикажува човек на возило на две тркала.

Храмот е изграден за време на тамилската Чола династија. Градителите на храмот стар два милениума како да го предвиделе современиот велосипед, доколку фреската е автентична, т.е. не е додадена подоцна, јавува „Мирор“.

– Историчарите велат дека велосипедот е измислен пред 200 години, но како тогаш ова дело се нашло во храмот стар две илјади години? – прашува истражувачот Правин Мохан, кој ја пронашол оваа резбарија.

На тоа прашање се уште нема конкретен одговор, а има најмалку едно рационално објаснување.

Имено, храмот е реновиран 1920 година, кога велосипедот веќе бил масовно прифатен во цел свет. Многу е веројатно рељефот да е дело на некој современ уметник, воодушевен од практичниот пронајдок на две тркала, а што учествувал во обовата на храмот. Оваа теорија за потеклото на овој уметнички детаљ се уште не е официјално потврдена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...