Решено е: Евровизија идната година ќе се одржи во Израел

Уште пред неколку месеци како алтернатива се спомнуваше главниот град на Австрија - Виена, чиј претставник го освои третото место. Овие гласини се засилија откако израелскиот министер за финансии го одби барањето на КАН.

69

Израел ќе биде домаќин на Изборот на песна за Евровизија идната година. Израелската државна телевизија КАН во последен миг ги обезбеди потребните 12 милиони евра коишто мораше да ги уплати на швајцарска сметка како гаранција за прифаќање на организација на свеченоста.

Годинава, веднаш по победата на Израелката Нета, се појавија противења околу тоа – идниот натпревар да се одржи во Израел поради безбедносната состојба, поради израелската окупација на палестински области. Постојат и стравувања од можни протести на ортодоксните евреи заради тоа што финалето се одржува во сабота, што претставува сквернавење на еврејскиот Сабат.

Уште пред неколку месеци како алтернатива се спомнуваше главниот град на Австрија – Виена, чиј претставник го освои третото место. Овие гласини се засилија откако израелскиот министер за финансии го одби барањето на КАН.

Оттаму потоа се обратија и до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со молба – државата да ги стави на располагање потребните средства, па на крајот договорот е постигнат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...