Речиси 80% од Македонците од 15 до 74 години не се симнуваат од интернет

159

Во Македонија 79,3 отсто од домаќинствата во првиот квартал од годинава имаат пристап на интернет од дома. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека домаќинствата учествуваат со 70,4 отсто со користење на фиксен широкопојасен интернет во 2018 година.

Во првото тримесечје од 2018 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79,2 отсто, а 68,7 отсто го користеле секој ден или речиси секој ден.

Мобилниот телефон бил најкористено средство за пристап до интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу 91,8 отсто кај лицата на возраст од 15 до 24 години.

Статистичките податоци покажуваат дека 74,9 отсто од лицата користеле компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети или други преносливи уреди на работа, 31,6 отсто од лицата кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството 54,9 отсто од нив купиле облека или спортска опрема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...