Речиси 260 луѓе загинале правејќи селфи, повеќето мажи

Најчесто, жртвите на самосликањето се младите, повеќето мажи и туристите кои сакаат да бидат што попопуларни на друштвените мрежи.

66

Со појавата на „паметните телефони“, селфите станаа прилично популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и кобни.

Според податоците, најмалку 259 лица загинале обидувајќи се да направат оригинален самослик (селфи). Ова е за периодот од 2011 до 2017 година, пренесува Си-Ен-Ен. Најмногу од нив се Индијци (159), по што следат Русија и Пакистан. Мажите во оваа мрачна статистика заземаат 72 отсто, и се помлади од 30 години.

Најмногу од настраданите починале од давење, сакајќи да се сликаат крај голем бран или на раб од брод. Осум лица настрадале фотографирајќи се со диви животни, а луѓе гинеле и застанувајќи пред воз, или пак пред огнено оружје (тука предничи САД).

Најчесто, жртвите на самосликањето се младите и туристите кои сакаат да бидат што попопуларни на друштвените мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...