Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 19 часот во цела Грција биле регистрирани 13.436 молњи, од кои 9.267 над морето, а останатите над копнениот дел на земјата, соопшти грчката Национална опсерваторија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, молњите се изброени од системот за регистрација „Зевс“ на грчката Национална опсерваторија.
Паралелно со молњите, биле регистрирани и обилни врнежи од дожд, особено во североисточниот дел на земјата, на Кикладските Острови и островите од групата Додеканиси во југоисточниот дел на Егејско Море.