Речиси половина Американци уверени оти на електричните автомобили им е потребен бензин

337

Од автомобилската компанија Форд објавија резултати од независно истражување спроведено во Европа, Кина и во САД каде се укажува дека 42 отсто Американци се уверени дека на електричните возила им е неопходен бензин за да се движат.

Освен тоа, 80 отсто Американци не би одбрале електричен погон за своето возило поради екстремните временски прилики.

Во анализата се додава дека 90 отсто Американци и Европјани и понатаму сметаат дека електричните возила се спори, а 67 отсто тврдат дека на струја тешко може да се вози приколка со автомобилот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...