За многу од нас утрото значи рано станување, брзање, подготвување на децата за на училиште или градинка… Покрај сето тоа, потребно е да се направи и нешто за појадок – по можност, лесно, вкусно и здраво.
Зелениот сок од зеленчук и овошје, попознат како зелено смути е лесен и здрав појадок кој можете да го направите за само 5 минути.
Викторија Боутенко, автор на книгата „Зелено за здравје“ смета дека зелениот лиснат зеленчук е совршена храна за луѓето.
Зелениот зеленчук е полн со витамини, минерали, влакна, хлорофил и аминокиселини, кои се основни составни делови на протеините. Тоа е се што ни е потребно за здравјето.
Но не е лесно да се јаде сиров зеленчук, а за да се дојде до неговите вредни состојки, потребно е добро да се изџвака. Освен тоа, заради специфичниот вкус, тешко е да се изеде многу зеленчук во сиров облик.
Заради тоа, Викторија направила експеримент, кој станал вистинско откритие во светот на љубителите на здрава храна. Одлучила да го „прикрие“ мирисот на зелениот зеленчук со овошје и да измеша се во блендер за да се добие вкусно и лесно фрапе. Благодарение на нејзиното откритие сега сите можеме да уживаме во вкусен оброк кој има неверојатно влијание врз здравјето.
Целиот текст и рецептите ќе ги најдете на порталот „Арт кујна“.