Се работи за драмска мини серија која се вика „Патрик Мелроуз“ (Patrick Melrose) во продукција на Showtime. Заплетот се одигрува на „сончевата, јужна Франција“, првата епизода ни се претставува како многу мрачна, а главната улогата на Иранецот Бенедикт Камбербач (Benedict Cumberbatch) напросто е фантастична; подолу ќе видиме зошто човекот голта разни наркотици до кои ќе се дофати.
Пред да почнам со анализа на серијата, би сакал да прашам: мајко мила, како ви се допадна?! Оваа серија се води како „анбинџбл“ (серија која е ужасно тешка за гледање), ја погледав во еден здив: ја пуштив некаде во 22 часот вечерта, ја завршив сабајлето во 04 часот. Жими мајка, после тоа добив огромна потреба цела шака „хелекс“ да испијам. Лично, интимно, додека гледам ваков формат на серии, оние серии кои се ужасно далеку од мене, нивниот контекст и дејствие ужасно ми се привлечни, интригантни, возбудливи.
Целата слика, односно премиса на целата драма (која повторувам дека е „многу тешка за гледање“) се открива уште во првите пет серии; работена е според книгите на британскиот автор Едвард Сеинт Обин, кои се речиси автобиографски, и целата премиса се работи за лицето Патрик Мелроус, момче кое е злоставувано од својот татко, и таа рана на него никогаш не зарасна, туку напротив, го втурна во стравична „адикција“: омраза према самиот себе, потполна деструкција кон сопствениот живот, а пред сѐ, во дрога и алкохол, како еден вид „одложено самоубиство“.
Серијата започнува не хронолошки, како што е напишана во книгата, туку така што Патрик Мелроус има некои дваесет и некоја година, му јавуваат дека неговиот татко е умрен, и дека треба да го земе неговото тело (или пепел) бидејќи е кремиран во Њујорк. Ние, гледачите, го затекнуваме Патрик во серијата како тежок „адикт“, човек што се убива со сите возможни и невозможни дроги, и човек кој всушност тоне во тој пекол; таквиот живот е живот на „симнување во пеколот“. И потоа серијата повеќе-помалку се реди до самата хронолошка низа идентично како во книгата. За на крајот, што во некоја смисла, да заврши со неговата мајка која никогаш не го заштитува својот син од својот маж, таткото на Патрик Мелроуз.
Во суштина, додека ја гледав првата епизода (која притоа „филмски“ се одвиваше многу брзо), брзо се менуваа сцени, случки, а она што мене ми изгледаше добро, бидејќи таа хронологија е измешана, ние гледачите Патрик Мелроуз го запознаваме во некоја неговата најлоша состојба, и во првата епизода приметуваме дека нешто не е во ред со неговиот татко, а не знаеме што е тоа конкретно. Сепак, во голема мера, на самиот почеток, тој (таткото на Патрик Мелроуз) ни е прикажан како висок припадник на британското општество, а ние сме малку збунети: дали е недоволна таа грижа и невнимание кон своето дете, или нешто сосема друго е во прашање. За да, веќе во втората епизода, откриеме што тука навистина се случува.
Малку истражував, интересно е што детството на Патрик Мелроуз се одвива во Лакост, Франција, а интересно е што тука аналогијата се префрла и на францускиот аристократ и книжевник Маркиз де Сад кој во своето време (1740-1814) беше познат по сексуалните скандали, а подоцна во своите дела ги опишуваше мрачните страни и сексуалните фантазии на луѓето.
Од друга страна, она што мене ми се допаѓа во серијата, би ги селектирал на две нивоа: тој стилски, што ужасно ми смета, кој се гледа во втората епизода, а дури се појавува и во третата, а потоа целосно се напушта, што е добро. Сакам да кажам дека очигледно ја сместиле приказната во цела една епоха; едната случка е во осумдесеттите, а потоа другата е во седумдесеттите; а тој хотел, замок ли, само парцијално се гледа тоа „инферно од дрога“, затоа што Патрик оди со конкорд да ја земе пепелта на својот татко во Њујорк, и баш во тој момент одлучува да се „чисти од дрога“, што за мене е помалку смешно. И во некоја смисла логично, бидејќи е потресен од смртта на својот татко. Глупавото е што Патрик доаѓа во хотелот на својот татко, па се појавува батлер кој му покажува, може ли да замислите (?), како работи телевизорот.
Искрен да бидам, јас не сакам „џанки приказни“ затоа што ако се работи за хорс, тогаш тоа е нешто многу гадно, а во втората сезона кога режијата го прикажува неговото детство кајшто е злоставуван, тоа ми е многу „наакано“, „надрндано“, во смисла на тоа како изгледа мајка му на Патрик, како изгледа другарката на мајка му на Патрик, како изгледа автомобилот, секој костим од друга страна ти се втерува в око, имаш впечаток дека ниедна облека не е носена претходно. Точно е дека се работи за британска аристократија, и точно е дека во серијата таа британска аристократија умира; сите тие се однесуваат како што јас ги замислувам одвратните аристократи, што значи ги замислувам одвратно, гадно, ама имам и впечаток дека така не изгледаат. Се мене во нивните односи ми е снобовско. Додуша, мајката на Патрик е селанка од Америка, ама тој дел на буржоаска нааканост ми беше напросто одвратна.
Од премногу негативни ликови во серијата, ми се чини дека нема еден што може да издвоиш кој е, онака, човечен. Или да се изразам во „аристетоловска смисла“: „ако многу грозни луѓе удираат еден на друг, а тебе баш ти е гајле. А кога ќе удрат на некој што е слаб, тебе ти се создава чувство на гадење“. Ако приметувате, целото друштво на Патрик Мелроуз, од дилери до случајни луѓе, од тие негови сопатници или сострадалници, сите се стравични, нема ниту една личност во животот на Патрик што е „нормална“, нема ниту една личност која може да кажеме дека е онака „океј“.
Мајката на Патрик, покрај таткото монструм, исто така е проблематична. Иако му ветува дека ќе го заштити од својот татко, а селанката од Америка го остава буквално своето дете во забите на тој монструм. На крикот на Патрик до својата мајка: „мамо, мене тој ме силуваше“, мајката наместо да му се спротистави, одговара: „и мене“. Притоа, мајката на Патрик ги има полугите на моќ: во серијата мајката е богаташка, а таткото е аристократ без пари. И сите се прашуваме зошто мајката реално ништо не преземе, на крајот на краиштата таа е богаташка, во неа се парите.
Многу работи се случуваат во замокот од Прованса, мајката на Патрик се жали што децата во Америка немаат што да јадат, а нивните смокви паѓаат на земја, и никој ниту ги собира, ниту ги јаде. Сакам да кажам дека мене ми е јасно зошто некои жени си заминуваат од своите монструозни мажи, ама како е возможно себе да се спаси, а да го остави својот син со тој монструм (во драматуршка смисла), тоа никако не ми е јасно. На некој начин дури ми стана и фасцинантно затоа што мајката на Патрик нема апсолутно никакво покритие за своите постапки. Крајно е себична према себе.
Во политичка смисла, оваа серија топло ја препорачувам затоа што јас во некоја смисла сум роб на своите вредности, а тоа значи дека јас длабоко ја презирам британската аристократија, малтене за неа мислам сѐ најлошо, отколку начинот што во оваа серија е прикажан. Мене во оваа серија буквално сите ми се одвратни. Не постои буквално никој кој до крајни граници не е одвратен да не посакаш да го згазиш, дури и сите оние кои се парцијални и на некој начин блиски до семејството на Патрик, а се стравично иронични и цинични, мислам на Патрик и неговото друштво. Во некоја мера, животот на Патрик во тоа богато аристократско друштво е брутално: го тераат да биде трезен само како би можел да ги издржи тие „гала“ собири од високата класа. Во оваа „соуп опера“ од аристократија, факт е дека Патрик никој не го заштитува, иако сите се свесни за насилството кое го преживеа. Низ серијата исто така преовладува општиот впечаток: за да влезеш во тоа британско аристократско општество, сите луѓе, барем колку што можев да забележам, ги скриваат своите минати животи, ги прикриваат од една страна; од друга страна, мајката на Патрик, Американка, си ги остава своето дете, а американскиот начин на живот не е дека ти можеш да си го оставиш на милост и немилост своето дете.
Драматуршки, јас не сум видел до сега човек како Патрик Мелроуз што може да стави толкава самодеструкција во своето тело. Првата траума и болка е злоставувањето, а втората е неговата осуденост на живот во општество од дрски, цинични и насилни аристократи. Дури, во еден момент, мајката на Патрик луцидно приметува: „Од сите овие луѓе со кои сум опкружена, единствениот кој дава значи на живот е Патрик“. Оваа серија најмногу ме потестува на Луи Фердинанд Селин со „Патувањето на крајот од ноќта“, или „Смрт на кредит“ итн., се разбира, не според заплетот, туку по сета таа автодеструкција, по тоа претерување, удирање по сопственото тело, најмногу на тоа ме потсетува во некоја „позитивна“ смисла.
Глумата, генерално, ако го исклучиме Патрик (за кого сметам дека е генијален актер), помалку-повеќе сите се „тапа“, знаете, онака – баш тапа. Сите ми се вештачки, блазирани и пијани. Оној што има нерви и стомак, топло ја препорачувам серијата „Патрик Мелроуз“, како и „смртта на аристокартијата“. Навистина, можеби покрај сите неволји, мајката е сепак во право: „во нашето семејство, единствениот жив човек е Патрик“.