НУ Национална галерија на Македонија, во рамките на својата Годишна јубилејна програма за 2018 година, ја најавува Ретроспективнaта изложба на Танас Луловски Тане, како еден од доајените на македонското современо сликарство, кој даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.
Изложбата ќе биде отворена на 20-ти декември во 19 часот, во изложбениот простор на Даут пашиниот амам.
Изложбата ќе содржи слики и цртежи од различни творечки периоди на Танас Луловски Тане. Делата кои ќе бидат претставени се сопственост на семејството на авторот, на повеќе институции (НУ Национална галерија на Македонија, НУ Музеј на современата уметност, НУ Центар за култура Антон Панов Струмица,), како и на значаен број приватни сопственици. Изложбата ќе биде отворена до 20.2.2019 година.