Ретроспективната изложба на д-р Ѓорѓи Здравев (1941 – 2007) ќе биде отворена на 3 мај во 20 часот во Изложбениот салон – Империјал 2 во ЈУ Културно информативниот Центар во Скопје.
На ретроспективната изложба ќе бидат презентирани цртежи и скици за филмска, телевизиска и театарска костимографија, како и неколку костими – експонати од богатото творештво на овој реномиран, уметник, костимограф, етнолог, професор.
Изложбата ќе биде отворена до 15 мај 2018 год.
Во неговиот голем и значаен творечкиот опус влегуваат повеќе од 50 театарски претстави, што тој костимографски ги обликувал.
Посебно мотивиран и експониран беше кога се инспириаше од неисцрпните врутоци на нашиот фолклор „Лет во место“ од Горан Стефановски, „Чук, чук Стојанче“ од Оливера Николова, „Чудото на Св. Горгија“ од Русомир Богдановски, „Џинот“ од Сталев).