Република Српска: Нема услови за згрижување мигранти

151

Владата на Република Српска заклучи денеска на седницата, што беше итно свикана, дека на територијата на Република Српска нема услови за згрижување на мигранти.

РТРС јави дека, наводно претседателката на Владата, Жељка Цвијановиќ, по седицата посочила дека Владата на Република Српска нема да прифати ниту една одлука на Советот на министри на Босна и Херцеговина донесена без согласност на Република Српска, која се однесува на одредени мерки за територијата на Република Српска.

Владата на Република Српска бара од граничната полиција на Босна и Херцеговина да се зајакне присуството на границите, а од Претседателството на Босна и Херцеговина ќе биде побарано, со ангажман на вооружените сили на Босна и Херцеговина, да се обезбеди и зголемена контрола на границите.

На седницата, било заклучено дека Владата на Република Српска ќе ја обезбеди потребната логистика, што подразбира транспорт и се останато што е потребно за решавање на прашањата со мигрантите на територијата на Република Српска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...