Репортери без граници: Состојбата со медиумите во Србија е најлоша на Балканот

102

Состојбата во медиумите и говорот на омраза во Србија е најлоша во споредба со сите земји на Балканот, изјави за весникот „Данас“ Паулин Адес-Мевел од организацијата Репортери без граници.

– Имав состаноци со највисоките претставници на организациите кои работат на слободата на меидуми и се согласивме дека ситуацијата во медиумите во Србија е многу полоша отколку во другите балкански земји. Нивото на говорот на омраза е загрижувачко, а понижувањето на новинарите е сè почесто и ние тоа мора да го осудиме – изјави Адес-Медел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...