Репортери без граници: Во Кабул убиени најмалку девет новинари, шестмина повредени ВИДЕО

133

Организацијата Репортери без граници (РСФ) денеска соопшти дека помеѓу жртвите од денешниот напад во Кабул загинале најмалку девет новинари, а шестмина се повредени.

Претставникот на авганистанскиот Комитет за безбедност на новинарите, Седикилах Тавхиди потврди дека од 25 загинати во двојниот самобиствен бомбашки напад во Кабул, деветмина се новинари.

– Денешниот двоен самоубиствен напад, за кој одговорност презеде Исламска држава е најпогубен напад за новинарите уште од падот на талибанците во 2001 година – се наведува во соопштението на РСФ.

Репортери без граници наведува дека од 2016 година во напади на ИД или талибанците во Авганистан загинале 36 медиумски работници.

Организацијата упати апел до авганистанската Влада да преземе мерки за поголема заштита на новинарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...