Репортажа на „РАИ 3“ за произвдство на марихуана во Албанија го разлути Рама

289

Италијанската телевизија „РАИ 3“, со репортажата во која се наведува дека во Албанија за дури дванаесет пати е зголемено производството на марихуана, го налути албанскиот премиер Еди Рама, кој во острата реакција ова го нарече новинарски срам.з

„Синоќешната вест а „РАИ 3“ дека наводно за дванаесет пати е зголемено одгледувањето канабис во Албанија е новинарски срам, без никаква врска со реалноста која ја следи и сертифицира од самата Гуарда д финанца. Посакувам нашите одлични партнери сами да ја кажат вистината без да губат време”, напиша Рама на Твитер.

Но, опозицијата не е на тоа мислење. Во изјавата за медиумите, потпретседателот на третата по големна партија во земјата,Социјалистичкото движење за интеграција, Петрит Васили и поранешниот пратеник на демократите, Ервин Слиањи, изјавија дека репортажата на „РАИ 3“ ја „демаскирала пропагандата на Рама“.

Според нив, фактите на „РАИ 3“ укажуваат на реалната состојба во која се наоѓа земјата и дека владата не успеала во борбата против дрогата и организираниот криминал, што е еден од главните критериуми на Бундестагот за започнување преговори.

– Пропагандата на Еди Рама скапо плаќа и дома и во странство за да ја претстави Албанија како земја во постојани реформи во обид да ги постигне европските стандарди и да му се придружи на европското семејство. Но, репортажата на „РАИ 3“ го потврдува неуспехот на Рама и фактот дека Албанија и понатаму е Колумбија во Балканот – изјави Слиањи.

Посочи дека Албанија не само што не се бори против организираниот криминал, туку „тој е заштитен од владејачката партија и стана главен играч во меѓународната трговија со наркотици“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...