РЕК: Калориметрите ќе бидат задолжителни

183

Регулаторна комисија предлага корисниците на парно да вградат калориметри, со можност да ги плаќаат на рати.

Од РЕК велат дека побарале БЕГ да направи анализа колку пари тоа би ги чинело граѓаните и дали може во сметките за парно да се вметнат и овие трошоци.

Тоа би важело само за оние станови каде има хоризонтална поставеност на цевките за парно, па ќе бидат потребни повеќе калориметри, а со тоа и цените ќе бидат повисоки.

Марко Бислимоски, прв човек на РКЕ, вели дека предлогот е тој трошок да се префрли кај потрошувачите и да се подели на повеќе рати. На пример, од 12 до 24 рати, со што граѓаните не би го почувствувале премногу овој издаток.

– На овој начин ќе им обезбедиме на сите потрошувачи сами да си го регулираат начинот на користење на топлинската енергија во периоди кога ним им одговара и во простории каде што им одговара. Со воведувањето на калориметрите ќе биде беспредметна дискусијата дали ќе имаме приклучени или исклучени потрошувачи, бидејќи приклучените, доколку не потрошиле, нема да плаќаат како да трошеле, како што е до сега ситуацијата – изјави Бислимовски.

Задолжително да се стават калориметри е само за новите објекти, а за старите згради тие ќе се постават само ако за тоа се согласни сите станари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...