РЕК Битола го исклучи Блокот 1, ќе ја зајакнува оптовареноста

Од ЕЛЕМ информираат дека производството на електрична енергија продолжува од останатите два блока на РЕК Битола.

113

РЕК Битола од денеска ќе го исклучи Блок 1 кој повторно ќе биде вклучен во мрежата в понеделник, соопшти ЕЛЕМ

Исклучувањето е заради зајакнување на неговата оперативност.

Од ЕЛЕМ додаваат дека производството на електрична енергија продолжува од останатите два блока на РЕК Битола.

– Целокупните потреби од електрична енергија во периодот додека Блок 1 е исклучен, АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи и од хидроенергетскиот потенцијал, како и останатите производствени капацитети на компанијата – наведуваат од АД ЕЛЕМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...