РЕК Битола го активира Блок1

Од РЕК Битола информираат дека ремонтот на блокот траеше 75 дена.

86

АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ја известува јавноста дека Блокот 1 на Термоелектраната „Битола” денеска повторно е ставен во функција.

Од РЕК Битола информираат дека по 75 дена капитален ремонт, во утринските часови, постројката била синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија.

По капиталниот ремонт на Блок 1 на Термоелектраната Битола, започнуваат ремонтни активности на вториот блок кои ќе траат до 10 септември, а ремонт на третиот блок на РЕК Битола предвидено е да се реализира од 10 септември до 15 октомври, информираат од секторот за односи со јавност на РЕК Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...