Рекорден пораст на продажба на музика во светот

Продажбата на снимена музика мината година донела околу 17,3 милијарди долари.

80

Светската продажба на музика во 2017 година забележа рекорден пораст од 8,1 отсто.

Првпат дигиталната продажба претставува најголем дел од вкупните приходи благодарение на големиот пораст на стриминг, соопшти Меѓународната федерација на фонографска индустрија.

Продажбата на снимена музика мината година донела околу 17,3 милијарди долари. Продажбата на музика преку стриминг, која до сега беше речиси иста како и физичката продажба на музички материјал на светско ниво, претставувала 54 отсто од вкупната продажба, наведе Федерацијата во својот годишен извештај.

Ова е трета година на последователен раст и најголем раст откако Федерацијата почна да објавува светски податоци за продажба во 1997 година.

– Музичката индустрија меѓутоа се уште не го достигнала нивото од пред постоењето на Интернетот и музичката пиратерија поради кои во 1990-тите години падна продажбата, изјави Францис Мур, претседател на Меѓународната федерација на фонографска индустрија.

Моменталното опоравување е остварено благодарение на развојот на стриминг сервисите Спотифај (Spotify) кој неодамна излезе на берзата, Дизер (Deezer) или Епл мјузик (Apple Music).

Околу 176 милиони луѓе на светот платиле претплата за овие сервиси во 2017 година, односно има 64 милиони нови претплатници.

Физичката продажба на снимена музика продолжила да опаѓа со исклучок на винил плочите, кои иако остануваат на маргините за љубителите на музиката, забележале пораст од 22,3 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...