Дали сте слушнале досега дека сокот од стебленцата на целерот се исклучително делотворни за слабеење или за чистење на организмот?
Еве ги сите одговори за чудесната моќ на овој миризлив зеленчук.
Целерот е одличен извор на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, витамин Б и Б6, витамин Ц и многу други минерали. Содржи многу малку заситени масти и холестерол. Во исхраната се користат коренот, стебленцата и листовите. Претставува задолжителен дел од супите, салатите, чорбите и варивата, а сушеното семе од целер се употребува како посебен зачин.
Како да одберете добар целер?
Прво коренот требада биде цврст, а стеблото свежо и крцкаво, без траги на сушење и скапување. Со стоењето целерот ја губи бојата нутритивните состојки, па зата не го купувајте исечен туку исклучив освеж. Водете сметка и за тоа неговите листови да бидат со светло зелена боја.
Целер можете да најдете во текот на целата година, иако е најдобар во есен. Коренот на целер може да стои и до 7 недели на температура помеѓу 0 и 2 степени, додека стеблото можете да го чувате максимум 1 недела, а потоа ја губи хранливата вредност.
Повеќе за ована порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey