Регистриран четвртиот случај на Корона вирус во Франција

134

Француските власти денеска соопштија дека во земјата е регистриран и четвртиот случај на коронавирусот и дека станува збор за еден повозрасен турист од Кина.

Претставникот на француското Министерство за здравство Жером Саломон изјави дека станува збор за кинески турист на ворзаст од 80 години и дека тој се наоѓа во сериозна здравствена состојба и дека е хоспитализиран во Париз, јавија британските медиуми.

– Неговата здравствена состојба е сериозна, со оглед на фактот дека бил ставен на реанимација – рече Саломон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...