Хрватскиот портал „Индекс.хр“ ја прогласи Тамара Тодевска за победник на Евровизија.
Македонската песна „Proud” е многу популарна кај публиката, а Тамара Тодевска веќе доби аплаузи, иако таа дојде само на вториот рефрен.
„Песната која испраќа порака до сите жени да бидат посебни, има порака што може да помине низ Европа“, наведе порталот.
Порталот и појаснува дека Тамара е сестра на познатата пејачка Тијана Дапчевиќ и дека песната ѝ ја посвети на својата ќерка, а таа песната ја отпеа со солзи во очите.