Реган ги нарекол африканските делегати во ОН мајмуни

275

Поранешниот претседател на САД Роналд Реган во телефонски разговор со тогашниот претседател Ричард Никсон, во 1971 година африканските делегати во Обединетите нации ги опишал како „мајмуни“.

Коментарот на Реган се слуша на новооткриените снимки, објавени од американското списание Атлантик, пренесува Би-Би-Си.

Реган, кој во тоа време бил гувернер на Калифорнија, бил лут затоа што делегатите од Танзанија во Обединетите нации гласале спротивно на САД. Членовите на танзанската делегација започнаа да танцуваат по гласањето со кое ОН ја признаа Кина и го исклучија Тајван. Реган, кој го поддржувал Тајван, следниот ден го повикал американскиот претседател и изразил незадоволство.

– Ги гледам овие мајмуни од овие африкански земји, проклети биле, па тие сè уште се чувствуваат непријатно во чевли – рекол Реган, на што Никсон се смее.

Снимката ја откри Тим Нафтали, професор по историја на универзитетот во Њујорк, кој управуваше со претседателската библиотека Никсон од 2007-2011 година. Своето откритие тој го објави во списанието Атлантик, каде напиша дека расистичките белешки се избришани од оригиналната снимка поради приватност. Снмиките ги објави Националниот архив во 2000 година, додека Реган беше жив. Нафтали појасни дека со судски налог наредено е снимките повторно да се прегледаат, бидејќи по смртта на Реган во 2004 година веќе не важело правилото за приватност.

– Барав разговорот во кој учествуваше Роналд Реган да биде повторно преслушан и пред две недели Националниот архив ја објави целосната верзија – рече Нафтали.

Според него, Реган го повикал Никсон за да изврши притисок да се повлече од ОН, но тогашниот претседател подоцна рекол дека поплаките на Реган за Африканците биле главната причина за повикот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...