Ревматскиот артритис почесто се јавува кај електричарите и медицинските сестри

Истражувањето спроведено во Шведска покажало дека ова заболување почесто се јавува кај личностите со одредени професии.

328

Ревматскиот артритис е прогресивно хронично заболување кај кое имунолошкиот систем ги напаѓа зглобовите, па се јавуваат оток, вкочанетост и болки во зглобовите.

Истражувањето спроведено во Шведска покажало дека ова заболување почесто се јавува кај личностите со одредени професии. Мажите кои работат во производството почесто заболуваат од него за разлика од оние кои работат во административниот и техничкиот сектор. Ризикот од ревматоиден артритис е двојно поголем кај електричарите, а три пати поголем кај ѕидарите и луѓето кои работат со бетон. Меѓу жените, медицинските сестри имаат поголем ризик од појава на ова заболување.

Научниците сметаат дека поголемиот ризик може да се поврзе со изложеноста на одредени материи како што се азбестот, органските растворувачи и издувните гасови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...