Модна ревија насловена „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“ со учество на пионерите на македонската мода ќе се одржи вечерва во Музејот на Македонија.
Настанот е во организација на „Добредојде“ Македонија Велком центарот, во соработка со Амбасадата на Франција и Музејот на Македонија. Ревијата ќе ја отвори Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија.
-Првите македонски дизајнери ги претставуваат артизмот, формите, методите и безвремноста во својата работа од почетоците до денес. Овие пионери на македонската модна сцена денес се етаблирани имиња, кои со својот автентичен дизајнерски потпис се трајно вградени во нејзините темели – наведуваат организаторите.
На модниот спектакл ќе се претстават: Никола Ефтимов, Лидија Георгиева, Росица Мршиќ, Јана Манева – Чупоска, Силвија Михајловска, Ивана Кнез, Тања Кокев, Антонија Ристовска, Олгица Ѓорѓиева и Розе Трајчевска, докажани македонски дизајнери во чии трудови доаѓа до израз македонскиот карактер на нивните креации.