Ревија на европски филмови во осум градови

81

Во осум градови низ републиката од денеска до 28 септември организираме Ревија на европски филмови. На годинашната ревија ќе бидат прикажани филмови од Италија, Швајцарија, Германија, Холандија, Русија и други земји, соопшти Асоцијацијата на филмски професионалци и ТВ соработници на Македонија (АФПМ).

Љубители на филмската уметност во Струга, Прилеп, Кичево, Битола, Кавадарци, Штип, Неготино и Радовиш ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во два филма од изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата европска продукција.

– Со овој проект ќе бидат претставени повеќе европски филмови со цел да ги доближиме квалитетните и репрезентативни филмови од неколку големи европски кинематографии, кои се учесници и добитници на светските филмски фестивали. Станува збор за проекции на репрезентативни филмски наслови, стои во соопштението.

Проектот е поддржан во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...